„Доживувањето додека се чита романот, е повеќе од самата реалност. Тоа е влез во еден свет што не ги познава границите на времето. Мислам дека е наменет за целата публика, токму поради овие карактеристики што ги наведов. Пораката во романот „И“ е воедно и симболика на оваа буква - наслов на романот, порака дека минатото не смееме да го потиснеме, да го заборавиме, да го зафрлиме во сеќавањата и да не чувствуваме одговорност кон него.“
„Романот „И“ е мој четврти роман. Сите мои романи досега се различни не само по содржината туку и по стилот на изразување. Но, чинам дека овој мој последен роман се разликува од другите не само поради тоа што станува збор за ликови и дејствија кои навистина се случиле во минатото на нашето македонско тло во едно македонско село, туку се разликува и според начинот на кој се роди како идеја којашто понатаму се оформи во книжевно дело.“
Промовиран романот „И“ на Краличин кој се најде во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2024 година. „И“ е четврти роман на Кристина Краличин, базиран на вистинска приказна со реални настани и случувања, со ликови именувани со вистински имиња. Лична семејна сага со автентични описи на македонските обичаи, традиции, адети, изгледот на македонското село Теово, атарот на селото и областа Азот.
„И“ е четврти роман на Кристина Краличин, базиран на вистинска приказна со реални настани и случувања, со ликови именувани со вистински имиња.
Неодамна излезе од печат книгата „Фразеолошкото богатство на современата македонска литература“ на Лилјана Макаријоска и Бисера Павлеска-Георгиевска која има за цел да истражи и анализира употребата на фраземите во современата македонска литература. Дваесетина фраземи од литературно дело на Краличин се дел од анализата на материјалот во неколку поглавја.
Во најтесниот избор на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев.
На 10 јули 2024 година во спомен собата на Анте Поповски, на Кристина Краличин ѝ беше врачена наградата за освоеното ПРВО место во категоријата „International“ на Конкурсот „Il Parnaso - Premio Angelo La Vecchia“ за 2023 од страна на уметничкиот директор на Конкурсот, професорот Калоџеро Ла Векија
Писателската кариера на Кристина Краличин прикажана на страниците од Бизнис каталогот 2024 на Агенција Марили на англиски и македонски јазик.
Гостување на Кристина Краличин, новинар Ирена Спировска - говориме за Промоција на збирката поезија „Една ноќ“ во Промо-центарот на Саемот на книга 2024.
На 20 април во 18 часот во Промо-центарот на Саемот на книга 2024 во прекрасна атмосфера беше одржана промоција на новата збирка поезија на Кристина Краличин насловена „Една ноќ“.
На саемот на книга, кој се одржува од 18 до 24 април во С.Ц. „Борис Трајковски“, издаваштвата Чудна шума и ИД-Концепт се претставуваат со промоција на една поетска збирка – „Една ноќ“ од Кристина Краличин