Водители Бисера Ловачева и Вера Мештеровиќ, гости во студиото Кристина Краличин, писателка, доц. др. Билјана Божиновска, спец. по радиодијагностика, и Драган Данев, директор на ДСУ Математичка информатичка гимназија.

Писателката ја претстави својата нова книга - романот „Извештајот на Рената“ кој беше промовиран на 8 април во 19 часот во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар во Скопје (КИЦ).
Гостите дискутираа на различни теми од општествениот и културниот живот и открија повеќе за личниот живот, работните обврски и навики, како и за поставувањето на нивните приоритети.
Погледнете го целото гостување на Кристина Краличин во две последователни видеа:
Краличин одлучи четирите романи од нејзината поврзана едиција да ги подари на гостите и водителките, споделувајќи го својот книжевен универзум како гест на благодарност и продолжување на дијалогот започнат во студиото.




