•  7.11.2026 18:30

На 6 ноември 2026 година, писателката и поетеса Кристина Краличин гостуваше во утринската програма на телевизија Телма, каде што во разговор со Марко Марк зборуваше за современата поезија, нејзината меѓународна афирмација, книжевните соработки и значајните признанија што ги одбележаа нејзините неодамнешни творечки активности.

  •  4.11.2026 22:00

Интервју со Кристина Краличин, победничка на меѓународниот конкурс „Мост на поетите 2026“ и организаторка на конкурсот „АРС ЛИРИКА БАЛКАНИКА“.

  •  2.11.2026 07:00

Меѓу најзначајните новини на ова XI издание се издвојува новата секција „Ars Lyrica Balcanica“, создадена во рамките на конкурсот и раководена од македонската поетеса и писателка Кристина Краличин, која присуствуваше на манифестацијата.

  •  30.10.2026 12:00

Македонската писателка и поетеса Кристина Краличин е застапена со свој сонет во меѓународната поетска збирка „Сонети и хаику“, во избор и подготовка на Христо Петрески, а во издание на Фондацијата „Македонија презент“ од Скопје.

  •  26.10.2026 14:30

„Наградите можат да ја зголемат заинтересираноста на издавачите и да го олеснат пристапот до нови пазари, но сами по себе не гарантираат ниту подобри договори ниту долгорочна присутност на тие пазари“, вели во разговор за „Блумберг Адрија“ македонската писателка и поетеса Кристина Краличин која беше прогласена за победничка на четвртиот Меѓународен фестивал на поезијата „Most pjesnika 2026“ (Мост на поетите 2026) во Сараево.

  •  13.10.2026 21:00

Македонската писателка и поетеса Кристина Краличин е прогласена за победничка на четвртиот Меѓународен фестивал на поезијата „Most pjesnika 2026“ во Сараево, Босна и Херцеговина, со песната „Dvoje ne moraju jedno postati“.

  •  12.9.2026 08:20

Во време кога зборовите се трошат побрзо од кога било, Кристина Краличин верува дека токму поезијата може повторно да нè натера да застанеме. Не да прелистаме, не да поминеме понатаму, туку да почувствуваме.

  •  4.9.2026 13:38

Македонската поетеса и писателка Кристина Краличин стана првиот и засега единствен македонски автор застапен во WikiPoesia – италијанската енциклопедија посветена на поезијата, нејзините автори, награди и институции.

  •  1.8.2026 12:00

Меѓународниот конкурс „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“ уште повеќе ги проширува своите културни граници. Со новата секција „Ars Lyrica Balcanica“ се вклучени единаесет држави и повеќе од двесте поети.

  •  8.6.2026 20:20

Во емисијата „Во потрага по Вистинскиот збор“ на Вистинска ТВ, ВИСТЕЛ, писателката Кристина Краличин беше гостинка во едно подлабоко телевизиско интервју посветено на нејзиниот книжевен пат, авторската филозофија и најновото творештво.

  •  22.5.2026 22:22

Разговорот отвора повеќе прашања отколку што нуди конечни одговори, поттикнувајќи размислување за иднината на човекот во свет во кој технологијата напредува со невидена брзина.

  •  24.4.2026 20:20

Монодрамата „Животот нема наслов“, по текст на Кристина Краличин, беше изведена на 24 април 2026 година во рамките на 27. Интернационален фестивал на монодрама, кој се одржа од 23 до 29 април во организација на НУ Центар за култура – Битола.