Пишува: Кармело Мулоне, портал Voce Pubblica - Италија
Фотографии: Кармело Мулоне и Салваторе Фаруџо
На 24 и 25 октомври, во Народниот театар во Каникати, Сицилија, Италија се одржа финалето на 10-то јубилејно издание на Меѓународниот поетски конкурс „Парнас – Награда Анџело Ла Векија”. Почесен гостин на настанот беше писателката и поетеса Кристина Краличин која доаѓа од Македонија и како жена на културата силно верува во универзалниот јазик на поезијата, „oттргнувајќи” ги далечините и обединувајќи ги сите култури и етнички групи во светот.

Авторката Краличин, добитничка на бројни меѓународни награди, ја претставува и потврдува дијалошката природа на конкурсот, кој во последните години придонесува за распространување на локалната и сицилијанска култура низ целиот свет. Соработката помеѓу проф. Ла Векија и писателката од Македонија ќе овозможи отворање на нови врати кон балканската култура.
На овој настан пред публиката Кристина Краличин беше назначена за Амбасадорка на Стародавната Академија на Парнас за земјите на Балканот како признание за високата вредност на нејзиното поетско и литературно творештво.


Се потсетуваме дека настанот беше организиран од Здружението „Метa”, претставено од проф. Калоџеро Ла Векија, и Културната асоцијација „Атена” со покровителство од Општината Каникати претставена од советникот Џузепе Корсело. Со церемонијата беше затворено 10-то издание на Меѓународниот конкурс, кој веќе шест години е отворен и за учениците од школите со специјалната категорија „Поезијата е мојот јазик”. Темите што ги обработуваа поезиите беа различни, а многу од нив говореа за мирот и за природната средина. Завршната година се одликува со учество од повеќе од 600 поезии, вклучувајќи ги и странските категории. За оценување на работите беа задолжени 60 жири-членови од различни жири-комисии.

Како се одвиваше настанот во овие два дена? Водителите на церемонијата беа уметничкиот директор на настанот, проф. Анџело Ла Векија, и Виторио Мура.
Во петок, 24 октомври, во 10:00 часот се одржа финалето на категоријата посветена на учениците од основното образоваие, наречена „Поезијата е мојот јазик”. Учество земаа училишта од различни региони на Италија. Беа доделени Специјални награди: „Деде Камалери”, „Стефано Саета”, „Италијански планински клуб“, „Сара Каико”, „Луиџи Мусо”, „Вилма Греко”, „Центар за студии Тониоло“, „Асоцијација Атена“, „Глутино“, „Тениски клуб: Град на храмовите”, „Мариа Грација Гуџино Алаимо”, „Беатус”, „Џерардо Телеска”, „Кримеја мајчин јазик”, „ФИДАПА”, „Артеданца“, и „Гранче на мир”.
Во категоријата „Комуникација и печат“ Кристина Краличин освои Почесна пофалница за својата песна „На аголот“.
Беа спомнати и наградените во Специјалната категорија „Парнас на меморијата” со награди именувани по: адв. Џузепе Алаимо, проф. Џузепе Јанузо, проф. Антонио Скримали, проф. Винченцо Монкадо, пратеник Џовани Гуарино Амела, д-р Виторио Панталена, Мајка Марија; Специјална награда на претседателот, и на Критиката.
Странските категории се: Раул Гамзатов, Анте Поповски, Амди Гираибаи, Дуене Лорчиано, Адам Мицкевич, Велемир Хлебников, Анатолиј Можухин.
Специјална честитка за наградата „Анџело Ла Векија”, како финалисти и класифицирани меѓу првите десет: „Невидливиот човек“ на Антонио Баракато; „Само дим“ на Ернест Де Фео; „Како мајка која утешува“ на Силвана Ла Перна; „Куќа во торба“ на Мирко Мараско; „Свет со себе“ на Марија Грација Мартинели; „Сине, кога ќе бидам стара“ на Доменика Марцано; и „Старци“ на Ѓорџо Запарела.
Завршеното издание беше од голема престиж и повторно овозможи распространување на познавањето и убавината на поезијата, обединувајќи го со симболични прегратки Каникати со остатокот од светот.
Оригиналниот текст може да се прочита на следниот линк (на италијански јазик): линк.