06 Dec
06Dec

Водител и новинар: Александра Вуксановиќ, Слободен Печат

Фотографии: Методи Здравев, Слободен Печат

На македонската поезија ѝ е потребен поголем простор и внимание, овде мислам и на медиумска поддршка, вели за „Слободен печат“, писателката и поетеса Кристина Краличин.

Таа неодамна се врати од Сицилија каде што се закити со престижната „Парнас – награда Анџело Ла Векија“ и беше назначена за амбасадорка на античката академија на Парнас за земјите на Балканот, како признание за високата вредност на нејзиното поетско и литературно творештво.

– Ова не е само лично признание, достигнување туку и успех за Македонија. Зборот „парнас“ доаѓа од грчката терминологија, станува збор за митолошка планина во Грција, којашто претставувала дом на музите на уметноста и музиката. Во Сицилија терминот метафорично го искористиле за името на овој меѓународен конкурс кој годинава го имаше своето десетто издание. Парнас значи врвно достигнување во литературата. Академијата во Сицилија постои веќе втор век, но со многу подлабоки корени од 16 век. Не станува збор за класична образовна академија, туку во неа уште во минатото членувале тогашните великани на перото, т.н аркади, чијашто цел била преку поезијата со доза на иронија и сарказам да ги кажуваат сите мани на општеството, политиката – вели Краличин.

Титулата амбасадорка на античката академија на Парнас за нашата соговорничка значи своевидна мисија.

– Во следниот период мојата задача е да ја воздигнам поезијата на Балканот. Се подготвува организација на меѓународен фестивал за кој не можам сега премногу да детализирам бидејќи е во своите зачетоци, но во план ми се и други начини и алатки за популаризација, афирмација пред сè на македонската поезија на европската мапа – вели таа.

Според Краличин, македонската поезијата денес е многу малку присутна и потребна е поголема комерцијализација, поголемо залагање од повеќе луѓе, за таа, поезијата, да може да допре до поширока јавност.

Подолу на линкот е целото видеоинтервју со Краличин:

Поезијата не е само раска емоција, поезијата е многу поголема. Низ историјата ни се покажало дека поезијата опевала видни луѓе, настани, таа е револуција, критика, чинител за менување на општесвени норми, со поезијата се остава траен белег за едно време. Современите автори со нивните стихови и мисли оставаат печат на денешницата. Ако во минатото поезијата била и начин за забава, излегување, дружење, вреди ли поезијата да се искомерцијализира и денес?

Краличин е авторка на десет дела, пет од нив поезија. Дама којашто плени со својата харизма и зборување. Со неа начнавме теми за кои малку се зборува. Погледнете го раговорот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Оригиналниот текст може да се прочита на следниот линк, а оригиналното видео на официјалниот јутуб канал на Слободен Печат.

Comments
* The email will not be published on the website.