10 Oct
10Oct

Краличин повторно во избрани автори од Италија во Антологијата на поезија од повеќе современи и класични автори Vol.2 за 2025 година. 

Штотуку излезе од печат Антологијата на селектирани современи и класични автори од Италија и од светот. Во ова издание на Антологијата од 2025 година, издавачката куќа од Италија, GPM Edizioni се повикува на традицијата на поезијата во Италија, од која постепено се раѓа и современиот италијански јазик кој потекнува од пред малку повеќе од еден век од објавата на делото Laudes Creaturarum (1224-1226) во Умбрија на св. Франциск од Асизи. Петрарка го продолжува поетското дело на Данте, кој заедно со Бокачо се сметаат за „Трите Круни“ на италијанската литература.
Оттогаш, односно веќе околу девет века, поетската уметност во Италија продолжува како културна традиција без прекин.
Оваа антологија на издавачката куќа GPM Edizioni го претставува континуитетот на италијанските поетски корени. Како стои запишано во објаснувањето од издавачката куќа: „Минуваат времињата, стиловите и протагонистите, но поезијата останува секогаш жива.“

Поетесата Краличин е избрана во категорија на познатиот поет Реинхардт Франц Карл Марија Рилке или попознат како Рилке, роден во 1875 година во Прага (во тоа време како дел од Австроунгарската империја). Тој е еден од најзначајните поети на 20-тиот век. Познат е најмногу по своите: „Сонети на Орфеј“ и „Писма до младиот поет“, кои се сметаат за негови култни дела.

Comments
* The email will not be published on the website.