13 Jan
13Jan

Неодамна од печат излезе интерактивната сликовница „Работилницата на Дедо Мраз и малите помошници“ на Дарија Краличин Павлеска и Кристина Краличин Павлеска, во издание на „Панили“ од Скопје. Сликовницата е наменета за деца од три до девет години и претставува интерактивна авантура во која читателот е активен учесник и главен јунак. Преку избори, отворање врати и следење различни патеки, децата ја истражуваат волшебната работилница на Дедо Мраз и стигнуваат до повеќе магични завршници.

Идејата на изданието е детето да не биде само слушател, туку активен креатор на приказната и тоа е појдовната точка од која авторките ја развиле интерактивната форма на раскажување.

„Сакавме да создадеме книга во која ниедно дете нема да се почувствува погрешно ако избере ‘погрешна’ врата – затоа што во оваа приказна секој пат е добар. И сребрената и златната ѕвезда се важни. Како и секое дете.“ - Истакна Краличин.

Погледнете го целото гостување на Кристина Краличин:

„Ја создадовме оваа сликовница за да им покажеме на децата дека нивниот избор има вредност, и дека секое дете – без разлика по кој пат тргнува – е важно и заслужува своја ѕвезда.“ - Потенцираше Краличин.

Пред празниците, оваа сликовница беше промовирана во книжарницата „Матица“ во Скопје, пред голем број дечиња и родители, а за изданието зборуваа истакнатите македонски писатели на детска литература Васил Мукаетов и Горјан Петревски.

Comments
* The email will not be published on the website.