Во време кога зборовите се трошат побрзо од кога било, Кристина Краличин верува дека токму поезијата може повторно да нè натера да застанеме. Не да прелистаме, не да поминеме понатаму, туку да почувствуваме.
Македонската поетеса и писателка Кристина Краличин стана првиот и засега единствен македонски автор застапен во WikiPoesia – италијанската енциклопедија посветена на поезијата, нејзините автори, награди и институции.
Меѓународниот конкурс „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia“ уште повеќе ги проширува своите културни граници. Со новата секција „Ars Lyrica Balcanica“ се вклучени единаесет држави и повеќе од двесте поети.
Во емисијата „Во потрага по Вистинскиот збор“ на Вистинска ТВ, ВИСТЕЛ, писателката Кристина Краличин беше гостинка во едно подлабоко телевизиско интервју посветено на нејзиниот книжевен пат, авторската филозофија и најновото творештво.
Разговорот отвора повеќе прашања отколку што нуди конечни одговори, поттикнувајќи размислување за иднината на човекот во свет во кој технологијата напредува со невидена брзина.
Монодрамата „Животот нема наслов“, по текст на Кристина Краличин, беше изведена на 24 април 2026 година во рамките на 27. Интернационален фестивал на монодрама, кој се одржа од 23 до 29 април во организација на НУ Центар за култура – Битола.
Водители Бисера Ловачева и Вера Мештеровиќ, гости во студиото Кристина Краличин, писателка, доц. др. Билјана Божиновска, спец. по радиодијагностика, и Драган Данев, директор на ДСУ Математичка информатичка гимназија.
Објавен е регионалниот поетски конкурс „Арс лирика балканика – регионална поетска награда“ за 2026 година и по тој повод Никола Станков, новинар во Сител ТВ и Кристина Краличин, основач и главен организатор на Конкурсот, се вклучија во живо во утринската програма „Ја сакам Македонија“.
Италијанскиот медиум Giornale Centro Sicilia ја пренесе приказната за „Ars Lyrica Balcanica“. Проектот произлегува од соработката со македонската поетеса и писателка Кристина Краличин, која ќе ја преземе улогата на координатор и претседател на жири-комисијата на новата секција.
На 8 април 2026 година се одржа промоцијата на новиот роман на Кристина Краличин, „Извештајот на Рената“, четврти по ред од едицијата на 14 романи. Разговорот го водеа Билјана Црвенковска, уредничка на издавачката куќа „Чудна Шума“ и авторката.
Романот „Извештајот на Рената“ од Кристина Краличин, во издание на издавачката куќа „Чудна шума“, ќе го промовираат Билјана Црвенковска и авторката во 19 часот во Салон 19:19, Културно-информативен центар во Скопје на 8 април.