Во време кога вештачката интелигенција сѐ повеќе станува дел од нашето секојдневие, неизбежно се поставува прашањето: каде завршуваат можностите на технологијата, а каде започнува единственоста на човечкиот ум?
Во емисијата „Reality Check“ Ели Пешева го водеше разговорот со Краличин на тема: природна vs. вештачка интелигенција, за значењето на интелигенцијата, улогата на Mensa, потенцијалот и ограничувањата на вештачката интелигенција, но и за вредностите што го прават човекот незаменлив: креативноста, интуицијата, моралот, емоциите и способноста да му даде смисла на сопственото искуство.
Разговорот отвора повеќе прашања отколку што нуди конечни одговори, поттикнувајќи размислување за иднината на човекот во свет во кој технологијата напредува со невидена брзина.


Во продолжение погледнете го интегралното интервју од гостувањето на Краличин - „Луѓето со натпросечна интелигенција не се закана за другите“:
Подолу ја споделуваме целата епизода на Relaity Check од втората сезона - „Човек vs. машина: кој е во предност?“: