Зборот како темел на мислата, како фундамент, стартната точка за неимарот на емотивната експанзија, кога на него се налепуваат и се поврзуваат чувствата и како готов производ се изнесуваат пред јавноста на виделина.
Краличин опејува песни во своето поетско дело „Патот на душата по зборот што гори“ кои мошне успешно и детерминирано ја досегаат можноста на невозможното во една безвремена перфекција.