Авантура, Психолошки роман, Романса Романот „Денот пред да се стемни“ е преплетена комбинација на панорамскиот, психолошкиот и љубовниот сегмент на животот што го придружуваат човекот по патот на неизвесноста, во потрагата по сопствената среќа. Главниот лик на романот – Роберт Хил заминува да живее и работи во друга земја надвор од своето родно место, оставајќи го минатото зад себе во очекување да ја пронајде личната афирмација на професионален и приватен план. Сепак, судбината не се одвива според неговиот план, таа има свој начин на презентирање нови животни предизвици во вителот на неочекуваните случувања и ситуации, што за Роберт Хил ќе претставуваат своевидно губење на личната слобода и разнишување на сопствената самодоверба. Тој првпат во животот ќе се судри со притисок наметнат од страна на неговиот работодавец и под силниот удар на мобингот ќе ја бара онаа страна на судбината што ќе може да го изведе надвор од душевните стеги. Автор: Кристина Краличин Оригинален наслов: „Денот пред да се стемни“ Категорија/жанр: Роман/Фикција Издавач: ИД Концепт - Чудна Шума Едиција: Дабрава Јазик: Македонски Формат: А5 Повез: Мек Број на страници: 335 ISBN: 978-608-4938-63-7 Година на издавање: 2023 Тираж: 400 (прво издание)


450ден