Тематиката на романот „Дното на моето небо“ е врамена во комбинирана кохезивност на психолошки, љубовни, филозофски детерминирани вертикали низ кои се преплетуваат праволиниски сентиментални тонови.
Вчеравечер се одржа промоцијата на првиот роман на писателката Кристина Краличин - „Дното на моето небо", во издание на ИД-Концепт паблишинг.
„Дното на моето небо“ е неверојатен и незаборавен љубовен роман, но не онаков каков што очекувате. Оваа извонредна книга го истражува стравотниот скок помеѓу крајот на една фаза од животот и почетокот на друга.