25 Nov
25Nov

Во утринската програма на телевизија Телма, на 25 ноември 2026 година, Кристина Краличин гостуваше по повод вечерашната промоција на својата поетска збирка „Подарок за жената“, надополнета со самостојната изложба на слики „ЛУНАДОР“ на ликовната уметница Жаклина Николовска.

Во разговорот Краличин се осврна на инспирацијата и концептот на поетското дело, неговата егзистенцијално-филозофска димензија, љубовта како начин на спознавање на човековото постоење, преиспитувањето на современиот систем на вредности, како и на поврзаноста на поетскиот и ликовниот израз во творештвото на двете авторки.

За време на гостувањето беа прикажани и фотографии од галериската поставка на изложбата „ЛУНАДОР“.

Книжевно-ликовната вечер ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот, во галеријата „КО-РА“ при ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Промотор на книгата ќе биде м-р Митра Мими Спасова, стиховите ќе ги интерпретира истакнатиот македонски актер Благој Чоревски - Чоре, а модератор на настанот ќе биде Сања Стојанова.

Во духот на самиот наслов, авторката одлучи книгата „Подарок за жената“ да им ја подари на сите присутни на промоцијата.

Во продолжение погледнете го целосното видео од гостувањето на Телма.

Comments
* The email will not be published on the website.